Три интервенции на ТППЕ Куманово поради несовесно однесување на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Куманово биле регистрирани три интервенции на ТППЕ Куманово, откако биле пријавени пожари предизвикани од запалена сува трева и стрниште.

Loading...

Првата интервенција е регистрирана во нас. Вера Которка каде е регистриран пожар предизвикан од запалено стрниште, додека втората интервенција е регистрирана во с. Никуштак – Општина Липково, каде од запалено стрниште, пожарот се проширил и зафатил сува трева и дел од шумскиот појас на ниско стеблеста шума.

На лице место било интервенирано со две ПП возила и шестмина пожарникари.

Третата интервенција е регистрирана на ул. Доне Божинов каде е пријавен пожар од опожарена сува трева.

Причината за пожарите е човечки фактор.