Три интервенции изминатиот викенд за кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

На три различни локации дејствувале кумановските пожарникари во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција, тројца припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово ја бележат во населбата Карпош во сабота навечер, поточно во период од 20:30 до 21:15 часот кога гаснеле запалена сува трева.

Втората интервенција била истата вечер, на опожарениот објект на Женезничката станица во селото Речица кој повторно бил активиран. Тројца пожарникари во период од 20:51 до 01:45 часот дежурале на локацијата каде 55-годишниот Момчило Стефановски живееше изминаттие 16 години, се до петок кога голем пожар му одзеде се што имаше.

Запалена сува тева се гаснело и вчера. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 15:50 до 19:35 часот во нацелбата Долно Којнаре, м.в. Црн Бик интервенирале во гаснењето.

 

Loading...