Третиот финален меч помеѓу СВСК и Јанта Волеј се игра вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

По одредени проблеми, ситуации па и недоразбирања, но во договор помеѓу клубовите ОК СВСК и ОК Јанта Волеј КВ дојде до промена на динамиката на одигрување на натпреварите од финалето на play-off во конкуренција на дами третиот финален натпревар наместо во Скопје вечерва ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово со почеток во 19 часот.

Одбојкарскиот клуб на Сити Волеј Славков и Куманово излезе вопресрет со организација на натпреварот повторно на домашен терен, додека четвртиот и евентуалнно петиот меч ќе бидат одиграни во Скопје. Веќе во среда во спортската сала „Н. Георгиева Дуња“ во Скопје ќе се одигра четвртиот финален натпревар.

Се повикуваат сите наши симпатизери, љубители на спортот да ни помогнат со своето присуство вечерва за нова победа во серијата, велат од Управата на ОК СВСК.