Тренирајте во боксерскиот клуб „Лав“ со легендата на кумановскиот бокс (фото)

Сподели со своите пријатели

Боксерскиот клуб „Лав Куманово“ кој функционира изминатите три месеци врши упис на нови членови, на сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт вратата на спортската сала и легендата на кумановскиот бокс Реџеп Реџеповски секогаш се отворени.

Според Реџеповски боксот е уметност која треба да се сака за да се постигнат врвни успеси преку напорни тренинзи.

Би требало секој да го сака, како јас што го сакав во бивша Југославија со сребрена олимписка медаља, од тогаш до сега уште нема, па морам јас тоа да го изведам од боксерите тука. Требаше уште пред два месеци некои субвенции преку Млади и спорт, меѓутоа Владата не беше составена и чекаме да ни доделат опрема и некои парични срдства. Пропуст е во градот, требаше градот да внимава на оваа работа, знаат дека имаат еден од најдобрите боксери и тренери во Куманово, градот требаше на тоа да сврти внимание, до денеска да се види со спортот да се работи со овој спорт, меѓутоа никој не го интересираше и дојде еден момент, Цецко од Хотел Лав Куманово се договоривме да го активираме клубот повторно, 70 години Куманово, направивме манифестација и од тогаш од сега добро ни оди – вели Реџеповски.

Loading...

 

Боксот е традиција во Куманово, спорт кој во минатото несомнено беше популарен, но без нови боксерски имиња и без афирмација тој изумре.

Доста време изумрено е, сега го разбудивме. Децава се уште не веруваат во себе, доста време 20 години наназад нема ништо од клубот и сега има околу 10-11 души сме засега понатаму ги повикувам сите мали деца од 12 па до 20 години можат да дојдат да се запишат сабајле во 10 часот и попладне во 18:30 имаме два пати дневно тренинг па нека си пробаат среќа – додаде олимпиецот Реџеповски.

 

Клубот иако релативно кратко време постои, сепак заинтересираност има. Меѓу оние кои тренираат е и Моника Ѓорѓиевска, која гу руши сите стереотипи дека боксот е спорт за мажи.

Ме мотивираше тоа што го сакам уште од малечка боксот, многу го сакам овој спорт и сакам да ги повикам сите млади, посебно девојчињата да не се плашат да дојдат да тренираат, да видат дека не е ништо страшно. Пред се волјата е најбитна за да почнеш да тренираш со било кој спорт не само со овој, тешко е не е лесно, имаме напорни тренинзи, но со самата волја и целта што ја имаш можеш да постигнеш многу – вели Ѓорѓиевска која се надева дека во иднина Куманово ќе добие големо боксерско име.

 

Дел од клубот е и Никола Арсовски. кој со боксот активно се занимава веќе три години.

Почетокот ми беше кај Ерген Салиевски од март се префрлив во боксерскиот клуб „Лав“. Ме привлече тоа што овој спорт е племенита вештина, бара многу храброст и мудрост, а без мудроста не може ништо. Тренинзите се од 10 наутро, имаме трчање повеќе на кондиција, а попладне имаме малку техника, спаринзи и планираме да се натпреваруваме за еден месец, а на кумановската публика како гледаат кошарка така ќе им приредиме и бокс да гледаат – вели Арсовски.

 

Loading...

Во периодот кој следува боксерите на Реџеповски ќе се подготвуваат и за својот прв натпревар со кој планираат одлично да го претстават својот клуб и град, но и да го афирмираат овој спорт во Куманово.