Трансроден маж по втор пат стана мајка (видео)

Сподели со своите пријатели

Кејси Саливен е роден како жена, но во раните дваесети години започнал процедура за промена на полот. Трансродниот маж се породил два пати, еднаш како маж, а втор пат како жена.

Пред пет години кејси како жена го добил синот Грејсон, додека бил во брак со таткото на детето.

По 12 години и 17 операции: Трансексуалец потрошил милиони за да изгледа како барбика (фото)

Loading...

Овој пат, се породувал седум дена, по што лекарите се одлучиле на царски рец. Момчето Феникс дојде на светот.

Студентот по економија забременил со момчето Стивен (27) во февруари минатата година, во време кога ги прекинал хормонските терапии.

Кејси и Стивен одлучиле да не го откриваат полот на детето, кое ќе го подига како „родово неутрално“.

По 19 години брак дознал дека неговата сопруга била маж

– Моментот кога бебето излез еи кога го слушнав плачот се чувствував прекрасно. Чудна е помислата дека створив толку мал човек. По 26 недели утрински мачнини и седумдневни породилни болки тоа беше прекрасен момент. Среќни сме и благодарни и уживаме во животот и семејството. Бебето е магично, мило и слатко, додал Кејси.

Тој вели дека е благодарен поради чувството на поврзаност со семејството во моментот на бременоста и вели дека во последните девет месеци многу се зближил со својот партнер.

Коментарите на луѓето кои го осудуваат поради одлуката да се породи воопшто не го интересираат.

– Ќе се обидат да го загрозат нашето сигурно јадро со своите ставови, но тоа се будали. Нема да трошам ниту време ниту енергија да им одговорам, вели Кејси.

На 12 години вели дека е трансродна личност, а родителите се горди на него (видео)

Открива дека отсекогаш имал проблеми со идентитетот. Како 19-годишна девојка Кејси се омажила во 2010 година, но веќе кон почетокот на дваесетите години паднала во тешка депресија и започнала да пие.

Три месеци подоцна, по раѓањето на Грејсон, Кејси се изјаснила како трансродна личност, а денеска вели дека тоа било големо ослободување.

Во 25. година Кејси започнала терапија со тестостерон и операција за отстранување на дојките. Во мај 2014 година го запознала Стивен на интернет.