Трамп се пошегува со „Оскарите“

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој некогаш беше ѕвезда во реално шоу, се пошегува со ниската гледаност на церемонијата на доделување на наградите „Оскар“ велејќи дека  причина за тоа е „што повеќе нема ѕвезди, освен него“.

„Најниската гледаност на ‘Оскарите’ во историјата. Проблем е што немаме повеќе ѕвезди, освен вашиот претседател (само се шегувам се разбира)“, напиша Трамп во вторникот на „Твитер“.

Во неделата е одржана 90. церемонија на доделување на наградите на американската Академија на филмски уметности, која ја следеле 26,5 милиони луѓе, што претставува рекордно ниска гледаност.

Ова е првпат доделувањето на „Оскарите“ да го следат помалку од 30 милиони луѓе, соопштија од компанијата „Нилсен“, која од 1974 година се занимава со истражување на гледаноста на ТВ-програмата.
Минатата година церемонијата ја следеле 33 милиони луѓе, односно 20% гледачи повеќе.

Доделувањето на „Оскарите3 често е најгледана телевизиска програма по Суперболот, наведува АП, и додава дека оваа година тоа не е случај поради тоа што церемонијата на отворањето на Зимската олимпијада од Јужна Кореја ја следеле 27,8 милиони луѓе.

Loading...

Извор: Репортер

Leave a Reply