ТРАМП МУ ОДГОВОРИ НА ПУТИН: Мило ни е што помогнавме да се спасат животи во Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин се заблагодари на својот американски колега, Доналд Трамп на несебичната помош и асистенција на ЦИА во спречување терористички напади во Санкт Петербург. Трамп набргу одговори.

Претседателот Трамп изјави дека разузнавачката заедница на САД е задоволна што спасила многу човечки животи во Русија кога помогнала да се спречи терористичкиот напад во Санкт Петербург, соопшти Белата Куќа.

– Претседателот на Русија, Владимир Путин телефонираше денеска на претседателот Доналд Трамп за да му се заблагодари поради тоа што американските разузнавачки служби претходно ја предупредија Русија за голема терористичка завера во Санкт Петербург. Врз основа на тие информации кои ги споделија Соединетите Американски Држави, руските власти успешно фатија терористи непосредно пред нападот, кој би можел да доведе до смрт на поголем број на луѓе, се наведува во соопштението.