Трамп ја сели амбасадата во Ерусалим, Палестинците најавија „три дена гнев“

loading...

Палестинските фракции денеска најавија „три дена гнев“ поради најавата за одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и таму да ја пресели амбасадата на САД од Тел Авив.

Трамп денеска го известил палестинскиот претседател Махмуд Абас и јорданскиот крал Абдулах за планот на преселување, а телефонирал и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Египет Абдел Фетаху ел Сиси за да ги извести за тоа.

Високи американски службеници рекле дека Трамп по свое убедување смета да го признае Ерусалим како главен град на еврејската држава, но дека преселувањето на Амбасадата ќе се одолжи за уште шест месеци, иако се очекува дека ќе нареди веднаш да отпочно планирањето на преселувањето, објавуваат израелските медиуми.

Истиот извор, меѓутоа, предупредува дека се уште нема конечна одлука.

Палестинските организации политиката на Трамп ја нарекуваат политичка уцена која ќе оневозможи да постигне резултати во регионот.

Во заедничкото соопштениет палестинскиот национални и исламски сили најавуваат протести и го повикуваат народот во Израел и ширумс ветот да се собере во градските центри и израелските амбасади и конзулати со цел да изрази општонароден гнев.

Повикуваат и на големи протести за да се отфрли обидот на администрацијата на САД да ја пресели Амбасадата во Ерусалим и да го признае како главен град на Израел.

Оценето е дека правото на народот е да делува на сите летални и дипломатски начини во внатрешноста на меѓународната заедница и меѓународниот суд на правдата во Хаг, да го минираат обидот.

Воедно се повикува на итни состаноци на исламските земји за да се нагласи отфрлувањето на американскиот потег во Ерусалим.

АБас ќе продолжи да ги повикува светските лидери за да спречи чекој кој смета дека е неприфатлив.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments