Трамп ја поддржува засилената контрола за купување оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува подлабоката проверка на историјата на лицето при купување на оружје, соопштува Белата куќа неколку дена по најновото масовно убиство во САД, кога во гимназијата во Флорида се убиени 17 лица.

– Додека се продолжува расправата и предвидуваат измени, претседателот ги поддржува напорите за подобрување на сојузниот систем за проверка на историјата на лицето кое сака да купи оружје, соопштува портпаролката на Белката куќа Сара Хакаби Сандерс.

Таа вели дека претседателот разговара со републиканците и сенаторот од Тексас Џон Корнин за двопартискиот предлог за законот со кој би се зајакнала базата на податоци на ФБИ за оние на кои име забрането купување на оружје.

Според предлог законите, сојузните агенции кои пропуштаат да пружат потребни податоци би биле казнети, а сојузните држави кои одговараат на одредени прописи и потикнувања би биле наградени.

Трамп цврсто ги поддржува правата на поседување оружје и Националнот задружение за оружје, но и подлабоката проверка на историјата на личност при купувањето

Leave a Reply