Трамп: Ако сакнциите пропаднат ќе следува „фаза 2“ – многу несреќна за светот

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе премине на „фаза два“, доколку санкциите против Северна Кореја не дадат резултати.

Ројтерс забележува дека Трамп не прецизирал што тоа би значело.

– Не мислам дека ќе играм на таа карта, но мора да видиме. Ако санкциите не дадат резултати, ќе мораме да одиме на фаза два, рекол Трамп.

Како додал, „фаза два може да биде многу тешка работа, може да биде многу, многу несреќна за светот“.

Трамп воведе „досега најголем“ пакет санкции кон Пјонгјанг

Loading...

Трамп, сепак нагласил дека се надева на успешност на санкциите.

Британската агенција претходно објави дека Трамп зпочнува „најголем досега“ сет санкции против Северна Кореја.

Во својот говор кој Трамп треба да го одржи се најавува дека американското Министерство за финансии наскоро ќе преземе акции за да дополнително се пресечат изворите на приходи и енергенси кои, според Белата куќа, Северна Кореја ги користи за финансирање на нуклеарниот програм и одржување на војската.

Според најавата на Трамп, цел на новите мерки ќе бидат повеќе од 50 бродови, бродски компании и трговски фирми кои и помагаат на Северна Кореја во избегнувањето на санкциите.

Leave a Reply