Трактор прегази 49-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

На 19.07.2017 година околу 16,30 часот во селото Лопате – Куманово, Н.Ф.(49) од с.Лопате, собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и прегазен од тркалото од приколката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на негови роднини истиот е пренесен во КБ- Куманово, каде е констатирана смрт.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.