Топол викенд, па заладување и дожд од понеделник

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер, претежно ос североисточен правец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени целзиусови.

До утре ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината.

Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде
проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.