Топлото време критично за есенската сеидба

Сподели со своите пријатели

Надпросечно високите температури за овој период од годината што ја зафатија Македонија може да ја доведат во прашање есенската сеидба зашто почвата нема доволно влага. И она малку што беше апсорбирано од последните врнежи, велат агорметеоролозите, можно е да испари.

За останатите култури топлото време не е критично, ниту се ризични студените утра и ноќи зашто мраз нема. Дури за некои, како градинарските растенија на отворено, пиперки, карфиол, зелка, кељ, кои засега функционираат без пробем, повисоките температури се добродојдени.

– Отежнати се условите за сеидба на есенските култури, може да се рече и дека сеидбата е доведена во прашање. Почвата е сува, високите температури нагло ја дехидрираат па и тоа што поникнало може да се исуши. Посебно е критична состојбата во Пелагонија и Овче поле. Таму веќе има проблем, изјави Ангелко Ангелески од УХМР.

Кај овошките и лозјето, рече, листовите се уште не се паднати и не може да се размислува за нови садници, а бидејќи нема мраз, нема ни оштетувања.

Според Ангелески, уште една недела се очекуваат вакви температури, но, сега е рано да се предвидат евентуални последици од нагло заладување.

Извор: МИА

Loading...