Топла и сончева работна недела, дестабилизција во сабота

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено со слаб ветер од северозападен правец. Утринава во земјава преовладува сончево и студено време, речиси насекаде утринските температури се негативни, само во Гевгелискиот регион е измерена позитивна температура. Дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денот ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен јужен, односно југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 9 степени целзиусови.

До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во порас. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.