Тодоровски: Програмата со која излеговме на изборите ќе ја реализираме (видео)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните покажаа колку се важни локалните самоуправи и општините, а ние имаме план и визија Куманово да стане модерен, урбан и убав град, рече на денешната прес конференција портпаролот на Општинската организација на СДСМ, Сашо Тодоровски.

Тодоровски во името на партијата, кандидатите за советници и новиот градоначалник Максим Димитриевски им се заблагодари на граѓаните за поддршката од вчерашните избори.

– Благодариме што граѓаните ја препознаа нашата искреност и нашата порака за едно заедништво и еден граѓански концепт. Изразуваме благодарност до сите граѓаните на Република Македонија, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори, до сите членови, до сите волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата. Благодарение на вашиот ангажман Македонија се гордее со овој величенствен демократски ден, вели Тодоровски. Имаме план и визија Куманово да стане модерен, урбан и убав град. Програмата со која излеговме на изборите ќе ја реализираме. Поддршката значи доверба, но во исто време и голема одговорност и кон гласачите и кон градот, рече Тодоровски.

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2017733301782240/

Loading...

Како што додава портпаролот на партијата, ова ќе биде време на одговорна и транспарентна власт, а во Македонија тоа да стане правило.