Тодоровски: Ќе го вратиме Куманово на културната мапа во Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Потикнување  на творечките културни потенцијали на кумановските уметници, изгарба на нов културен центар со кино на отворено најави денеска Сашо Тодоровски, кандидат за советник од Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ.

Како што потенцираше Тодоровски културата е најважниот процес за развој на цивилизацијата, но Куманово во изминатите години беше запоставено од страна на централната власт во поглед на организирање културни настани. Вети организирање нови фестивали и простори каде уметниците ќе може да го покажат својот творечки потенцијал.

– Планираме во Куманово да отвориме дневен детски мултиетнички центар, изградба на нов младински културен центар, огранизирање на „Скуар фест“ фестивал на музички таленти од Куманово, Меѓународен музички фестивал под покровителство на Општина Куманово, изградба на кино сала и кино на отворено, воспоставување на соработка со средношколци организации, организирање на летен филмски фестивал на отворено. Соработка на театар Куманово и отварање на вратите за средните училишта и преку взамена соработка младите уште од најмала возраст да се запознаат со театарската уметност – изјави Тодоровски.

Loading...

Куманово повторно ќе се врати на културната мапа во Македонија, вели Тодоровски, кој додаде дека преку заедничка соработка младите ќе бидат потикнати на акција.