Титаник не потонал поради санта мраз? Тајни документи ја откриваат шокантната вистината (видео)

Сподели со своите пријатели

Тајни документи и телеграми кои се криени повеќе од еден век ја видоа светлоста на денот и откриваат што всушност се случувало со телата на луѓето кои ги загубиле животите во една од најголемите бродски несреќи во историјата и поради што всушност потонал Титаник.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

Loading...

Оние кои хи пишувале биле уверени дека тие писма никогаш нема да бидат прикажани на јавноста, а во нив се открива дека капетанот на спасувачкиот брод сакал од морето да извлече што повеќе тела од погинати патници, без оглед на која класа припаѓале. Меѓутоа, кога воочиле дека бродот „Mackay-Bannett“ е премал за 334 пронајдени тела, капетанот донел поинаква одлука. На крајот од бродот биле исфрлени над 100 тела кои никогаш повеќе не биле пронајдени.

Foto: unesco.org

Од бродот биле исврлени тела на патниците од третата класа, за да се направи место за патниците од првата и втората класа, кои по мислење на екипажот на бродот имале повеќе право на достоинствен покоп, пишува „Elite Daily“.

Еден од најпознатите и најтрагичните настани на сите времиња, Титаник потонал во 1912 година на тура од Саутхемптон до Њујорк. Во таа трагедија животот го загубиле над 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се верувало дека трагедијата ја предизвикала санта мраз во која бродот ударил.