Тинејџер стана првиот „биткоин“ милионер

Сподели со своите пријатели

Пред три години Ерик Финман од американскиот град Ајдахо се обложил со родителите дека нема да мора да студира доколку стане милионер до своето полнолетство. Го напуштил училиштето и учел од доа.

Добив обложување од милион долари со своите родители. Благодарен сум им на сите – објавил осумнаесетгодишниот Ерик на социјалните мрежи.

Неговата необична приказна започнала во 2011 година кога имал 12 години. Од баба му добил илјада долари, а Ерик тие пари ги вложил во „биткоин“, дигитална виртуелна валута, креирана и чувана електронски.

Се користи з акупување во електронска форма и во таа смисла не се разликува ниту од една друга валута. На идеја за вложување дошол постариот брат Скот.

Не го сакав училиштето. Деновите ги минував играјќи видео игри. Колку и да се обидував немав успех, добивав тројки и бев исплашен затоа што моите наставници на моите школски неуспеси гледаа како на нешто лошо. Еден од нив ми рече дека никогаш нема да бидат успешен и дека ќе се вработам во „Мекдоналдс“ – вели Ерик.

Родителите на Ерик одлучиле да го отпишат од училиште и да го продолжат неговото образование од дома. Тој својот прв биткоин го уновчил во 2013 година кога неговата вредност изнесувала 1.200 долари и со тоа ги повратил вложените пари со кои ја основал интернет компанијата „Botangle“, која овозможува на корисниците да пронајдат професори преку интернет.

Понесен со успехот започнал да се вклучува во стартапови во Сицилијанската долина, подрачје познато по висока технологија. Денес Ерик има 403 биткоини, од кои секој вреди по 2.700 години што е вкупно над милион долари.

На социјалните мрежи самиот себе се нарекува „real life Tony Stark“, по пример на познатиот суперјунак Ајрон Мен.

Моментално работи ан неколку проекти, вклучувајќи и лансирање на ракети за НАСА. И натаму не му е жал што не оди на факултет, а на секој му препорачува образование преку интернет затоа што како што вели бесплатно е, а пружа многу повеќе од образовниот систем кој не работи за никој.