Тинејџер повреден во тепачка во автобус

Сподели со своите пријатели

Петнаесет годишно момче вчера во автобус било повредено со метална шипка од неколку лица кои се качиле на постојката во село Бразда скопско.

Како што соопшти МВР околу 21 часот Ж.Н. – возач на автобус број 81, пријавил дека во автобусот на автобуска постојка во село Бразда се качиле околу 12 лица и пред да се симнат на следната автобуска постојка, најверојатно со метална шипка, удриле во пределот на ногата на 15 годишен малолетник од село Бразда.

Момчето со приватно возило е пренесено во Градска општа болница каде му се констатирани телесни повреди и е пуштено на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Извор: МИА

Loading...