Тинејџер повреден со огнено оружје во познат кумановски клуб

Сподели со своите пријатели

На 15.01.2017 година во 04,40 часот во Полициската станица Куманово од Ургентен центар – Куманово било пријавено дека кај нив е донесен Б.С.(19) од Куманово со повреда во пределот на десната подколеница нанесена од огнено оружје која ја здобил во кафе бар „Тунел“ во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.