Тимови на Црвениот Крст помагаа во завеани села и згрижија бездомници (галерија)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово со својот Тим за одговор при катастрофи продолжува со активностите и прави напори за обезбедување на хуманитарна помош за социјално загорозени стари и изнемоштени лица во отсечени и недостапни региони.

Во изминативе неколку дена успеавме да доставиме помош за неколку фамилии од приградските населби како и од селата Цвиланце и Коњу кои живеат во многу тешки услови. Помошта се состои од прехрамбени пакети и кебиња. Исто така за 2 лица бездомници освен што обезбедивме помош во храна и кебиња воспоставивме контакт со добронамерни граѓани и на истите им е понудено згрижување – велат од Општинската организација на Црвен Крст Куманово.

Loading...

 

Тимот останува во приправност и подготовка и во наредните денови доколку за тоа се појави потреба.