Тилерсон: САД се подготвени за директни преговори со Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД се подготвени да започнат директни преговори со Северна Кореја без предуслови.

Тој со оваа изјава наизглед отстапи од американските барања Пјонгјанг најпрвин да прифати разоружување па да отпочнат преговорите, пренесува Ројтерс.

– Ајде само да се сретнеме, рекол Тилерсон во говорот во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Тој на овој начин понуди ново дипломатско поглавје во атмосферата со зголемени тензии околу севернокорејскиот нуклеарен програм, наведува Ројтерс.

– Можеме да разговараме за времето ако сакате. Можеме да разговарам и дали масата ќе биде тркалезна или не. А потоа можеме да почнеме да ја изложуваме мапата на патот кон кој би можеле да бидеме подготвени да работиме, додал тој, сугерирајќи дека било какви почетни конракти би се однесувале на утврдување на основните правила за формални преговори, наведува агенцијата.

Тој додава дека Северна Кореја претставувала и се уште претставува директна закана за САД.

– Ќе завршиме со епохата за стратешко трпение и ќе се свртиме во период на стратешка одговорност. Заканата едноставно е премногу сериозна за да продолжиме да ја игнорираме, рекол тој.