Тест на издржливост: Русинка се прошета низ минско поле (видео)

Сподели со своите пријатели

Заменикот на премиерот на Руската Федерација Дмитриј Рогозон минатата седмица објави видео во кое девојка облечена во посебно одело минува низ минско поле, односно терен наменет за тестирање отпорност на експлозии.

Девојката цело време во видеото буквално шета низ терен со различни експлозивни направи кои по некое правило би требале да ја разнесат на парчиња или во најмала рака да и нанесат сериозни повреди.

Првенствено, оделото пружа термичка изолација па војникот нема потреба од бегање. Од друга страна не е јасно дали оделото пружа заштита од шрапнели. Веројатно не, што се забележува во фактот дека таа се движи по определена патека и вешто избегнува да застане директно врз бомбите.

Тоа е резултат секако на работата на рускиот Централен истражувачки институт за прецизен инжинеринг. Центарот е гранка на Министерството за одбрана кој се занимава со развој на несмртоносна војна опрема.

 

Loading...