ТЕШКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ДАМАСК: Не обидувајте се да влезете во Африн

Сподели со своите пријатели

Официјална Анкара предупреди дека ќе се спротивстави на силите на Владата на Сирија ако влезат вор егионот Африн за да помогнат на курдските Единици за народна заштита (YPG) во борбата против турската војска, пренесува Ројтерс.

Турција започна операција во Африн минатиот месец во соработка со сириските бунтовници, борејќи се против YPG, кој анкара го смета за закана за својат ајужна граница поради поврзаноста на организацијата со Работничката партија на Курдистан (PKK), движење кое веќе повеќе децении води броба против централните власти во Турција.

Офанзивата на Анкара дополнително ја зголеми комплексноста на конфликтот на северот на Сирија, каде се присутни курдските сили, Владата на Сирија, бунтовниците, Турција, Иран, Соединетите Американски Држави и Русија.

Пораките од Анкара доаѓаат ден откако курдските власти потврдија дека е постигнат договор сириската војска наскоро да пристигне во Африн за да помогне во борбата.

Дамаск: Сириските владини сили во следните часови влегуваат во Африн

Loading...

Leave a Reply