Тешка сообраќајка кон ГП Табановце: Две лица повредени

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 19,35 часот на автопат Скопје-Граничен премин – Табановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „Нексија“ со скопски регистарски таблички, управувано од И.Ј.(42) од село Марино-скопско и патничко возило „Фолксваген Туарег“ со романски национални ознаки управувано од Д.П.(52) од Романија.

Како што информираат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Нексија“, С.Ј. (35) од Скопје, а со телесни повреди се здобило 11 годишно дете од истото возило по што биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде што им е укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.