Теренско возило на кумановска фирма се запалили на бензинска пумпа на Стража

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 22.15 часот, на бензинска пумпа на месноста „Стража“ дошло до опожарување на теренско возило „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(32) од Куманово, а сопственост на приватна фирмаод Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот настанал во моментот кога возилото било полнето со гориво. Пожарот избувнал од долниот дел на моторот, а од страна на вработените возилото било истуркано надвор од бензинската пумпа. Веднаш потоа пожарот го зафатил целото возило. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар, пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.