Температурите пеколни, вклучен портокаловиот метео аларм

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени целзиусови, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени. Токму ваквите вредности на температурите на воздухот кај надлежните го вклучија портокаловиот метео аларм кој денеска е активиран за два региони, но со оглед дека истиот утре ќе биде активен за четири, би требало да значи дека не очекуваат уште повисоки температури.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме многу топло и сончево време со максимална температура од 38 степени целзиусови.

Според синоптичарите, продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Според порталот за временска прогноза accuweather, екстремно високите температури ќе се задржат и во наредните пет дена.