Температурите од денес влегуваат и во негатива

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат соумерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи .

На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Минималните температури ќе се движат. од 3 до 11, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежено облачно време. Ќе дува умерен ветер од еверен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 7 степени. Утринската температура ќе се спушти 1 степен под нулата.

 

Loading...