Температури до 38 степени, во три региони прогласена жолта фаза

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени целзиусови. Надлежните институции се должни да ги спроведат сите мерки согласно предвидениот план за активирање на жолтиот метео аларм, односно предупредувачко, алертно ниво кој денеска стапува на сила во три региони.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме доста сончево и топло време, со повремени услови за наоблачување и множни врнежи и грмежи во попладневните и вечерните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 37 степени целзиусови, а УВ индексот ќе има многу висока вредност со коефициент 8.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи.