Температури до 21-тод степен и можен попладневен дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне променливо облачно со повремен  дожд, особено во северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 14 до 21 степен.

Во Куманово денеска ќе имаме облачно време со услови за дожд во текот на денот и температура до 14-от степен. Во текот ан ноќта дождод ќќе продолжи, а температурата ќе изнесува 3 степени целзиусови.

Под влијание на изразено јужжно воздушно струење утре  ќе преобладува сончево и потопло време со умерена облачност, попладнето а особено во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.

Во среда се очекува нов влажен  бран, кој попладнето и во текот на ноќта како и во четврток на повеќе места ќе предизвика пообилни врнежи од дожд. Локално во среда врнежите ќе бидат и поројни проследени со грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер, а во четрврток умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневните температури.