ТЕЛМА: Пратеници, вработени во УБК и МВР ги отвораат вратите за насилниците во Собранието (видео)

Сподели со своите пријатели

Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отварањето на главната собраниска врата за демонстрантите на 27-ми април, покажуваат снимките до кои дојде телевизија Телма.

Видео материјалот од безбедносните камери на Собранието покажува како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат вратите за демонстрантите, кој се им помага: луѓе вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, вработени во Министерствоо за внатрешни работи, први луѓе на обезбедување на Собранието и Претседателот, вработени во АРМ и низа други лица кои живеат од народни пари.

Зошто никој од нив до сега не одговарал и зошто оваа снимка никаде не е спомената не е познато, но Телевизија Телма ги открива имињата на сите инволвирани во овој случај, кој е се, само не обид народот да влезе во Собранието. Очиегледно е дека беа пуштени да влезат, но и насочени каде да одат.

Снимката можете да ја погледнете тука.

 

Loading...