Телевизор, звучници, авто делови и облека запленија цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани технички производи, влекач, автоделови, алкохолни пијалоци, облека, етикети, таблети за апарати за кафе и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Еден телевизор марка Samsung и 10 звучници ( домашно кино ) марка Sony биле откриени при контрола на словенечки автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Запленети се и еден замаец и комплет ламела со потисна плоча за патничко возило, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени во најлонски кеси сместени под предните седишта на возилото биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

avtodelovi carina

 

Вкупно 32 парчиња облека (машки дуксери и јакни), откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во неколку црни кеси, сместени во багажникот на возилото, биле привремено задржани, а против сопатникот, кој бил сопственик на истите, е поведена соодветна постапка.

obleka carina