Телефонски закани добивал кандидатка за градоначалник во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

На 27.10.2017 година во 20,20 часот во Полициската станица – Куманово, кандидат за градоначалник на село Старо Нагоричане, пријавила дека од страна на непознато лице по телефон и биле упатувани закани, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.