Танцова работилница вечерва на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкиот центар Битрикс од Скопје вечерва организира бесплатна танцова работилница на градскиот плоштад во Куманово.

Идејата за овој проект потекнува од нашата реализација дека во повеќето градови, децата немаат можност да посетуваат семинари или пак да го надоградат своето образование, па од таа причина, ние во соработка со локалните танцови клубови сме подготвени да го оствариме овој проект – велат од КУЦ Битрикс Скопје.

Танцовата работилница ќе трае од 18:30 до 20:30 часот на која инструктори од КУЦ Битрикс ќе работат со сите заинтересирани кои ќе присуствуваат на настанот.

 

Loading...