Таа е сопственичка на коса долга над два метри (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Алиа Насирова (27) од Рига, Латвија се нема шишаноцели 20 години. Тврди дека должината на нејзината коса е над 230 сантиметри, тешка два килограми и дека за неа и е потребно дополнително место во креветот.

Нејзиниот сопруг Иван Балабан вели дека Алиа својата коса ја смета за член на семејеството, пренесува „The Sun“.

Косата ми е толку долга што мислам дека е потешка и од нашата мачка – рекла Алиа.

Таа истакнува дека и е потребен цел ден за да ја измие косата, исчешла и исуши, а Иван признава дека во распоредот секогаш мора да ја вметнат нејзината коса.

screenshot-4

Сепак, ниту Иван нема ништо против нејзината коса. Вели дека е горд што не се шишала толку време.

Секогаш внимавам во креветот да не и ја оштетам косата – изјавил Иван.

Алиа зпаочнала да ја пушта косата како инспирација на принцезата од цртаните филмови на „Дизни“.

Во детството толку сакав долга коса. Сакав да имам коса како принцеза. Со оглед дека косата ми е навистина долга, некогаш случајно застанувам на неа. Надвор внимавам да не ја оштетам и носам шешир. Во поебниприлики правам и плетенки – изјавила Алиа.

screenshot-3

Таа вели дека на социјалните мрежни не гледаат сите благопријатно на нејзината коса.

Пишуваат да ја скратам, но не реагирам на тоа – додава.

Според нејзините зборови нема намера да ја намалува должината на својата коса.

 

Loading...

17202995-244464016023809-6573414261553451583-n

https://www.facebook.com/sbattero/videos/10155145645059772/