СЗО со нови препораки за превенција од туберкулоза

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача нов пристат во тестирањето и лекувањето на лицата заболени од туберкулоза, пред се на високоризичните групи, како што се малите деца и инфициранити со ХИВ вирусот.

Целта на новите препораки е да се обезбеди поинаков пристап во тестирањето и лекувањето на лицата со латентна зараза на туберкулоза (ЛТБИ).

Станува збор за лица кај кои латентната зараза со туберкулоза може да прерасне во активна, доколку не добијат соодветен тертман.

– Новите насоки на СЗО ќе им помогнат на земјите во превенција на туберкулозата и ќе придонесат за ставање крај на епидемијата на таа болест, изјави директорката на Програмата на СЗО за борба против туберкулозата. Тереза Касаева.

Според неа, со обезбедувањето на соодветен третман за спречување на развојот на латентната во активна туберкулоза, ќе се спасат гоолем број животи./МИА

Leave a Reply