СВР Куманово со кривична за дуќан со фалсификувана гардероба на „Најк“ и „Адидас“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. од Скопје и правното лице ДПТУ “УРБАН ФЕШН” ДООЕЛ Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма” и “прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, а да ги оштети “ADIDAS” и “NIKE” како носители на право на заштитени трговски марки и индустриски дизајн, измамил купувачи и пуштил во промет, односно понудил на продажба гардероба означена со лого “ADIDAS” и “NIKE”, произведена од непознато лице и набавена на непознат начин, а на 30.04.2016 г., во 18,30 часот, со товарно возило марка Мерцедес сопственост на ДПТУ “АЛЕЏ ХЕМ”-ДООЕЛ Скопје управувано од пријавениот превезувал текстилна стока со потекло од Република Турција без да поседува соодветна документација за потеклото на истата.

фото: архива

Loading...