СВР Куманово со кривична пријава за Албанец поради фалсификување патна исправа

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.П. (31) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 24.08.2016 година на граничниот премин Табановце при пасошка контрола приложил фалсификувана патна исправа во која извршил механичка промена, односно бришење на една страна на која имал запишана забрана за влез во ЕУ.