СВР Куманово со две кривични пријави за жител на Кочани

Сподели со своите пријатели

Кривичја пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово е поднесена против Р.Л. (58) од Кичевои поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „лажно пријавување на кривично дело“ и „оштетување туѓи предмети“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот како дистрибутер на кафе, апарати за кафе и други предмети во правното лице „Еспрессокаффе“ ДООЕЛ с.Отља, на 20.11.2012 година бил задолжен со испратници со кои производите ги дистрибуирал низ Р.Македонија, со што направил долг. Делот во износ од 10.000 евра, го вратил, а за останатиот долг пријавениот склучил нотарски договор со правното лице за измирување на долгот во износ од 71.850 евра.

Договорот бил осигуран со извршност над недвижниот имот на пријавениот, доколку долгот не биде вратен во наведениот рок. Пријавениот со намера да го избегне извршувањето, лажно ги пријавил лицата А.А. и И.А. за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на службена исправа“ и нотарот А.Р. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а притоа на 12.11.2015 година со Договор за дар пријавениот го отуѓил целиот свој имот, оштетувајќи го правното лице за износ од 71.850 евра, стои во дневниот билтен на МВР.