СВЕТОТ ВО СТРАВ: Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја лансираше уште еден балистички проекти, кој на крајот заврши во Јапонското море, тврдат јужнокорејски власти.

Ова е прва ракета лансирана по 15 ноември. Проектилот имал дострел од 13.000 километри, најголем досега.

Јапонските и јужнокорејските власти соопштуваат дека во текот на денот забележале поголема радиоактивна активност што имплицира дека денеска тестовите биле на сила.

Претходно денеска, јапонската влада истакна дека Пјонгпјанг би можел да испука ракета во следните неколку дена.

Проекилот летал кон истокот, а целата ситуација моментално ја истражуваат американски и јужнокорејски аналитичари.

Ракетата е лансирана од јужната провинција Пјонган. На граѓаните ја Јапонија им било издадено предупредување да побараат засолниште.

Американскиот претседател Доналд Трамп известен е за лансирањето на ракетата додека таа се уште била во лет, напиша денеска на Твитер неговата претседателка на печатот.

Трамп во тој момент разговарал со републиканските членови на Конгресот.