Светот полуде по овој трик: Можете ли вие да го направите?

loading...

Илјадници луѓе во Кина прават јазолчиња со своите прсти за да така покажат колку им се флексибилни екстремитетите. Веибо, кинескиот еквивалент на Твитер, преполн е со оние кои успеале да го направат овој тежок трик.

Корисниците ширум светот започнале да поставуваат фотографиите од своите обиди на Инстаграм и Твитер. Се започнало кога кинескиот актер Жанд Јишан бил виден како во популарната ТВ серија прави трикови со прстите. Поточно, тој ги споил малиот прст и палецот, додека останатите три прсти биле исправени. Иако изгледа лесно, многумина се намачиле.

А она што оваа Кинескиња може со своите прсти да го направи ги преминува и јазолчињата. Веднаш на почетокот на видеото ќе ви покаже како да направите јазол, но погледнете и се она што таа може да го направи, секако не обидувајте се да испорбате баш се.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments