Свештеник сексуално злоставувал жени кои му барале духовен совет по развод

Сподели со своите пријатели

Поради подведување на своите 15 љубовници и снимање на оргии во црковниот ректорат, поднесена била казнена пријава против италијанскиот свештеник Андреа Контин, пишува “International Business Times”.

48-годишниот свештеник од црквата Сан Лазаро во Падова во полиција го пријавиле три членки на неговата жупанија. Отворена била истрага за психолошко насилство, а за време на рацијата биле запленети сексуални играчки и порнографски снимки, пишува Jutarnji List.

Контина се товари дека преку интернет страна ги подведувал своите љубовници од кои некои го запознале откако од него барале совет по развод, како и дека со нив одел на луксузни патувања во Австрија, Хрватска и Франција, каде го посетувале свингерскиот клуб “Cap d’Agde”.

Една од жените кои се доведуваат во врска со свештеникот раскажала дека Контин ѝ праќал пораки и повици сè додека не ја убедил да му се приклучи во кревет. Рекла дека имале сексуални односи во ректоратот и во други објекти, “во секој дел од денот и ноќта” и дека нема да открие повеќе во интерес на истрагата.