Суштинските хранливи елементи за детското мени

Сподели со своите пријатели

Здравјето на децата е директно поврзана со прехрамбениот режим. Правилната исхрана од рана возраст е од клучно значење за развојот на детето, како и за неговата долговечност како возрасен.

Постојат некои основни хранливи материи кои задолжително мора да бидат присутни во менито на вашето дете. Еве и 7 од нив:

Протеини

Телото на детето бара протеини потребни за изградба на клетките, трансформацијата на храната во енергија, борбата со инфекциите и транспорт на кислород. Храна богата со протеини и соодветна за деца е:

  • Посно месо

  • Млечни производи

  • Риба

  • Јајца

  • Ореви

  • Грав

  • Соја

Јаглехидрати

Укинувањето на јаглехидратите од исхраната е популарно употребувано средство, но тие се витален извор на енергија за организмот. Препорачливо е да го ограничите внесот на рафинирани јаглехидрати како бел ориз, шеќер и бел леб.

Но, детето треба да консумираат јаглехидрати и тоа богати со скроб и растителни влакна. Храна богата со корисни јаглехидрати, соодветни за деца е:

  • Кафеав ориз

  • Интегрални производи и леб

  • Компири

  • Паста

Масти

Мастите се исто така омразени хранливи материи од многумина, но и тие имаат своја важна намена за организмот. Тие се исто така добар извор на енергија и се неопходни за здравјето и еластичноста на клеточните мембрани.

Храна богата со корисни масти, соодветни за деца е:

  • Полномасни млечни производи

  • Растителни масла како маслиново масло, кокосово масло, масло од соја

  • Посно месо

  • Мрсни риби

  • Ореви

Калциум

За изградба на здрави коски и заби, калциумот е задолжителен во детскиот развој. Тој има големо значење за нервите, мускулите, функцијата на срцето. Храна богата со калциум е:Млеко

  • Јогурт

  • Сирење

  • Млечен сладолед

  • Белка од јајце

  • Брокула

  • Зеленолистен зеленчук

  • Тофу

Железо

Железото има суштинско значење за нивото на хемоглобин не само кај возрасните, но и кај децата. Хемоглобинот е пигмент во крвта, чија функција еда пренесува кислород преку крвта до ткивата и органите. Миоглобинот пак пренесува кислородот до мускулите.

Храна, од која се црпат најголеми количества железо е:

  • Црвеното месо

  • Црн дроб

  • Живина

  • Спанаќ

  • Житни култури

  • Овес

  • Грав

  • Ореви

Влакна

Влакната ја подобруваат работата на цревата. Адекватниот прием на влакна ги намалува ризиците од срцеви заболувања и рак во зрелоста. Храна која содржи големи количини на влакна е:

  • Цели зрна

  • Овошје и зеленчук

  • Наут

  • Леќа

  • Пченка

  • Семиња

  • Ореви