Страшо Тодоровиќ се враќа во стручниот штаб на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Поранешниот тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово Страшо Тодорвиќ се враќа во стручниот штаб и ќе му помага на новиот тренер Александар Петровиќ, кој пак доаѓа на местото на Игор Михајловски кој изминатиот викенд си поднесе оставка.

Тодоровиќ по повеќе од година дена не е во кошаркарските води, меѓутоа додека беше тренер на КК Куманово ја доби наградата тренер на годината во Република Македонија благодарение на позитивните резултати кои ги забележа токму со тогашниот состав на „сино-белите“.

Под негово водство кумановци постигнаа големи успеси и запишаа девет победи во низа во домашниот шампионат, кога стигнаа и до финалето на плејофот каде беа совладани од МЗТ Скопје.

И Тодоровиќ и Петровиќ сериозно треба да работат на враќање на тимскиот дух кај играчите за подобри резултати на натпреварите.