Стотина кумановци добиле работа преку проектот ”Македонија вработува” (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, придружуван од директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски, како и потесното раководство на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес пред НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, го презентираа концептот на проектот ”Македонија вработува”.

Loading...

[huge_it_gallery id=”82″]

Според Спасов, се работи за доста успешен проект преку кој се остварени над 2300 вработувања во времетраење од месец и половина откако е промовиран владиниот проект.

– Проектот доста успешно се покажа во вработување на луѓе над 58 години, односно на категорија граѓани за кои потешко се наоѓа слободно работно место. Денес во Куманово ќе го презентираме и огласот за обука за стекнување вештини во странски јазици и компјутери за вкупно 2000 невработени лица, истакна Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Влатко Поповски, денес од Куманово порача дека денешниот караван е осмислен како граѓаните би имале прилика подробно да се запознаат со проектот ”Македонија вработува”, односно да бидат запознаени како да дојдат до работно место со сите олеснувања и категории на невработени граѓани кои може да бидат опфатени со владиниот проект.

На денешниот караван на проектот ”Македонија вработува”, присутен беше и Зоран Ѓеоргиевски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ од Куманово кој во ова прилика ја истакна потребата од вработување на кумановчани во поголем број, со оглед дека градот е еден од водечките во Македонија со највисока стапка на невработени лица.

Емица Младеновска, сопственик на приватна забна ординација, со отпочнат бизнис пред една година преку проектот за самовработување, вели дека мерките на АВРМ и Владата се исклучително поволни, посебно во почетокот на развивање на бизнисот за кој се определиле.

Loading...

Тимот на проектот ”Македонија вработува” ги повика сите заинтересирани правни субјекти да се обратат до Центарот за вработување во Куманово за да добијат подетални информации за условите и начинот за отварање нови работни места за различни категории на работобаратели.

Куманово според статистичките податоци засега има регистрирано околу 10 000 невработени лица.