Столтенберг: Летонија е важна членка на НАТО која дава силна поддршка за Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во Рига изјави дека Летонија е „значајна членка на Северноатлантската алијанса“ која обезбедува силна воена поддршка на Украина, пренесува Танјуг.

Loading...

„НАТО има сила, ресурси, способности и политичка волја да го брани секој сојузник. Најитна задача е, се разбира, да се обезбеди поддршка за Украина онолку колку што е потребно. Затоа, очекувам сојузниците да се согласат дека НАТО треба да биде на чело на обезбедувањето помош во областа на безбедноста и воената обука во Украина и да се договорат за долгорочна финансиска помош за Украина“, рече Столтенберг.

Спречете ги одложувањата

Тој потсети дека сојузниците на НАТО веќе обезбедуваат 99 отсто од воената поддршка на Украина и апелираше за поголема координација меѓу земјите-членки на Северноатлантската алијанса за да се спречат прекини и одложувања што се случија во текот на изминатата зима.

„На Украина ѝ треба предвидлив, стабилен проток на воена поддршка што не може да го чека. Ќе бидеме таму се додека е потребно“, изјави Сртолтенберг.

Тој му се заблагодари на латвискиот претседател за придонесот на неговата земја во мировната мисија на Косово.