Стапката на невработеност во третиот квартал 22,1 процент

Сподели со своите пријатели

Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во вториот квартал стапката на невработеност изнесувала 22,6 проценти, а на крајот на минатата година 23,7 проценти.

Активното население во Македонија во третиот квартал брои 954.814 лица, од кои вработени се 743 451, а 211 363 лица се невработени.

Извор:МИА

Loading...