Стаклен ѕид од 20 милиони долари ќе ја штити Ајфеловата кула

Сподели со своите пријатели

Градските власти на Париз едногласно во понеделник донеле одлука за изградба на ѕид отпорен на куршуми околу Ајфеловата кула, како одговор на терористичките закани во Франција, пишува неделникот „Монд“.

Стаклениот ѕид ќе биде изграден од две страни на кулата, додека од другите две, кои служат за излез ќе бидат затворени со метални решетки кои ќе го репродуцираат профилот на Ајфеловата кула.

Заменик градоначалникот на Париз задолжен за туризам Жан Франсоа Мартинс вели дека новиот ѕид, кој би требало да биде завршен следната година и кој ќе чини околу 20 милиони долари, ќе биде многу поефикасен и атрактивен отколку бариерите кои сега се во употреба.

Тие мерки се дел од планот наменет за зајакнување на безбедноста околу Ајфеловата кула, една од најпознатите туристички атракции во светот.

 

Loading...