Стабилно време, но со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево, преку денот ветерот ќе се засилува особено долж Повардарието, инфрормираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура се движеше од -5 до 5 степени целзиусови, додека максималната дневна температура ќе се движид од 13 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме убав сончев ден. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец, а максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степен. Во Куманово утринава беа регистрирани и првите температури под нулата.

До средината на наредната недела се очекува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула.