Стабилна состојбата со земјоделските култури

Сподели со своите пријатели

Врнежите од дожд со количества од 3 до 18 литри на метар квадратен беа доволни само за растворање на фрлените азотни ѓубриња како прихрана на есенските посеви, додека недостатокот на влага во почвата останува и понатаму актуелна состојба, но се уште не е загрижувачка, стои во извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи.

Отпочнатите работи на отворено се изведуваат со несмален интензитет, а тоа се активности пред се во градинарството и тутунопроизводството каде се припремаат леите за расад.

Умерените дневни температури и пониските утрински температури на воздухот ги одржуваат во мирување се уште јабочестите видови на овошки, додека коскестите веќе се будат и долж повардарито се појавуваат и првите цветови кај бадемот.

Временсктие услови во наредната седмица ќе допринесат за одржување на ваквата состојба, температурите околу 17 степеи ќе допринесат за псотепено шиење на цветањето и во останатите региони.

Иако мразеви не се очекуваат до средината на наредната седмица, сепак просечните датуми на последна појава на мраз се уште се актуелни на сите мерни места, со исклучот на јужните делови од државата, со што опасноста од појава на мраз се уште постои, велат од УХМР.